Данската кралица ненадејно во својот новогодишен говор објави дека го напушта престолот
Данската кралица Маргарет Втора неочекувано објави дека ќе абдицира во нејзиниот традиционален новогодишен говор на телевизија. Таа формално ќе абдицира на 14 јануари, по 52 години на тронот.
Неа ќе ја наследи нејзиниот најстар син, престолонаследникот Фредерик. – Ќе му го оставам тронот на мојот син, престолонаследникот Фредерик, рече таа.
Маргарет Втора (83) го наследи нејзиниот татко – кралот Фредерик Деветти по неговата смрт на 14 јануари 1972 година.
Таа моментално е единствената кралица во светот, а во јули стана монарх со најдолго владеење во историјата на Данска.
Рекордот претходно го држеше Кристијан Четврти, кој, иако технички владееше 60 години, всушност владееше само 51 година и шест месеци, бидејќи беше дете во раниот дел од неговото владеење.
За разлика од британската кралска традиција, нема да има официјална церемонија на крунисување на престолонаследникот Фредерик, кој има 55 години.
Маргарет Втора е многу популарна во Данска, а многу Данци очекуваа таа да остане на тронот до нејзината смрт. Во Данска, формалната власт ја имаат парламентот и владата.
Од монархот се очекува да биде над партиската политика и да ја претставува нацијата со традиционални должности како што се државни посети и прослави на националните празници.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата