-->
-->
Данска прв противник на Македонија У-18 на ЕП во Австрија
-->

Македонската репрезентација за кошаркари до 18 години попладнево во Оберварт, Австрија против врсниците од Данска ги започнува натпреварите на Европското Првенство Дивизија Б.
Според селекторот Саша Димитријевиќ, селекцијата на Данска со истите кошаркари пред две години играла во А-дивизија и е тим која ќе биде еден од фаворитите за висок пласман на шампионатот, но ветува дека црвено жолтите против секој противник ќе атакуваат на победа.
Натпреварот кој се игра во Оберварт стартува во 15 часот и 45 минути.
Во пет дена нашите јуниори ќе одиграат пет натпревари, по денешниот дуел против Данска во следните 4 коа ќе играме со селекциите на Исланд, Ирска, Израел и домаќинот Австрија.
Црвено жолтите вчера веднаш по пристигнувањето во Оберварт го одработија и премиерниот тренинг на кој ја почувствуваа атмосферата во салата.
Според системот на натпреварување на шампионатот најдобрите две селекции од групата обезбедуваат пласман во четврфиналната рунда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
