Свет
21. January 2016 - 17:04

Данска планира да ги преместува мигрантите во кампови надвор од градовите

Данските власти размислуваат за преместување на мигрантите во кампови надвор од градовите и помалите населени места.

Минатиот месец Данска беше остро критикувана поради предлозите за заострување на миграцискиот закон, вклучувајќи го конфискувањето на скапоцени работи од бегалците за да го платат својот престој, како и забрана од три години за средба на семејства.

Предлогот на антимиграциската Данска народна партија, кој беше прифатен од Парламентот, предвидува Владата до крајот на март да предложи мерки за изградба на „населби“, финансирани од државата, кои ќе ги заменат сегашните центри во градовите и помалите населени места.