Данска конфискува вредни предмети од мигранти согласно новиот закон
Данската полиција прв пат конфискува пари, согласно новиот Закон за конфискување пари и вредни предмети.
Полицијата соопшти денеска дека мигрантите, двајца мажи и три жени, носеле долари и евра со вкупна вредност од околу 129.600 круни (19.300 долари). Петмина ирански граѓани биле уапсени во вторникот вечерта на аеродромот во Копенхаген поради користење на фалсификувани пасоши.
Претставници на полицијата изјавија дека мигрантите на возраст меѓу 26 и 35 години веднаш побарале азил.
Согласно Законот, кој стапи во сила пред пет месеци, бегалците и другите мигранти треба да им ги предваат на властите парите и вредни предмети, кои се проценуваат над десет илјади круни (1.490 долари).
Мерката беше воведена со цел да со цел да се помогне во покривање на трошоците за живеалиште и храна за мигрантите.
Ново на Сител
-
Три лица претепани вчеравечер пред ноќен клуб во Скопје
-
Ден на жалост во Србија, тридневна жалост во Нови Сад
-
29-годишната Емилија вчеравечер убиена од нејзиниот сопруг кој штотуку излегол од затвор
-
Трамп ја проширува предизборната битка и ќе се обиде да ги освои демократските бастиони
-
Митровденска задушница - спомен за починатите
-
Во Берово утрово минус три, во Крушево, Виница, Гевгелија измерени шест степени Целзиусови
-
Нормализиран сообраќајот на патот Тетово - Гостивар
-
Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад