Данска ги укинува речиси сите ковид ограничувања и покрај големиот број новозаразени
Во Данска денеска се укинаа речиси сите ограничувачки мерки за корона вирусот и покрај релативно високата инциденца во земјата.
Сето ова е поврзано со фактот дека Ковид-19 повеќе не е класифициран како „критичен за општеството“, ознаката што ѝ дозволи на владата да воведе далекусежни рестриктивни мерки.
Единственото правило што остана на сила е патниците да мора да покажат доказ за вакцинација при влез во државата.
Данска направи сличен потег и во септември, но откако бројот на заразени почна нагло да расте набрзо потоа, мерките повторно постепено беа воведени.
Минатата недела, дневниот број на заразени во Данска се движеше од 33.000 до 47.000, а тоа беше тешко да се замисли пред појавата на многу заразната варијанта омикрон.
Високиот број на заразени, сепак, не ги оптоварува болниците, и покрај стравувањата. Високата стапка на вакцинација во земјава се смета за главната причина зошто здравствениот систем остана во добра состојба.
-Ја мнавме критична фаза, изјави данската премиерка Мете Фредериксен минатата недела кога најави укинување на мерките.
„Од 1 февруари Данска ќе биде отворена, целосно отворена“, кажа таа со насмевка.
-Подготвени сме да излеземе од сенката на коронавирусот. Ние им кажуваме збогум на ограничувањата и добредојде на животот што го знаевме претходно, рече таа.
Ново на Сител
-
Давал пари на заем и наплатувал несразмерна камата, уапсен лихвар во Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9