-->
-->
Даниел од Панчево го зави целото семејство во црно
-->

Даниел Јовиќ настрада во саботата во Србија кога неговата Опел вектра слетала од пат и удрила во дрво на паркинг. 34-годишниот маж од Панчево го зави целото семејство во црно.
- Што ќе правиме без тебе Даниел, каде одиш душо? Што ќе прави твојот син, ме остави и мене...неутешко викала Виолета, сестрата на загинатиот.
Во домот на Даниел владее тага и молк. Неговата мајка седи и гледа во една точка, неговата сестра е сеуште во шок, а неговото синче од 10 години остана само на светот.
- Нашиот единствен брат, тој не сакаше и чуваше, правеше се за нас. Што ќе правиме, како понатаму не знам. Па неговото синче има само 10 години, вели сестрата низ солзи за српскиот Курир.
За трагедијата да биде уште поголема, неговата сопруга починала пред пет години од тешка болест, а неговиот татко исто така починал од тешка болест.
Кобната несреќа која остави детенце без татко се случи во саботата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
РСЕ: Унгарија и Словачка вршат притисок врз Брисел за списокот на санкции против Русија
-
За осум месеци 138 жртви по патиштата во Албанија
-
Сиљановска Давкова: Уставните судови не се под јурисдикција на соседни политичари
-
„Лидл“ гради објект и во Аеродром, најавено ново поглавје во малопродажбата
-
Филипче бара итно декласифицирање на документите за следење на комуникациите на новинари и политичари
-
Приведени двајца турски државјани на ГП Деве Баир, приложиле фалсификувани зелени карти за возилата
-
Приведени три лица од тетовско барани по потерници за издржување затворски казни
-
Изминатитe два дена 1103 сooбрaќaјни прекршoци