Даниел Кајмакоски си ја отврои душата - Oткри во какви односи е со Жељко Јоксимовиќ
Даниел Кајмакоски во интервју за српски портал откри какви се ноговите односи со неговиот ментор од Х Фактор, Жељко Јоксимовиќ.
„Мене ме купи уште на самиот старт, кога дојдов во Белград. Кога почнаа снимањата за Х Фактор, цела екипа беше сместена во лош хотел, каде немаше греење. Жељко за добредојде ми прати порака да праша дали се снајдов, јас му ја објаснив ситуацијата во која се наоѓам и дека сум болен. Тој одма прати возач и ме смести во хотел на своја сметка. Испадна вистински човек и тоа никогаш нема да му го заборавам. Сите совети кои ми ги даваше, ги впив, а најмногу од него научив дека треба да се борам за себе, бидејќи тоа никој нема да го направи за мене. Подоцна ме покани да гостувам на негов концерт во Скопје, пред 70 000 луѓе, а бев поканет и на неговата венчавка“, изјави Даниел.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР