Даниел Деј Луис заминува во пензија

Трикраниот добитник на наградата Оскар, Даниел Деј Луис, кој е еден од најпознатите актери во својата генерација, одличи дефинитивно да го напушти актерството и да се пензионира.
Шеесетгодишниот актер, кој во кариерата долга четири децении најчесто играше претседатели и писатели, не ја соопшти причината поради која одлучил да се повлече од светот на акерството.
Деј Луис е единствен актер кој освоил три Оскари за главна машка улога. Наградите ги доби за улогата во филмот на Стивен Спилберг „Линколн“, за остварувањето на Крсити Браун „Моето лево стапало“, како и за ролјата во филмот „Ќе има крв“.
Две номинации за Оскар имаше за филмовите „Бандите на Њујорк“ и „Во името на татткото“.
Тој важи за актер која на улогите им приоѓа многу сериозно и се труди да влезе во ликот и многу пред самото снимање.
Кон крајот на 90-те години на минатиот век тој веќе објави дека се откажува од актерството, но режисерот Мартин Скорсезе успеа да го разубеди да се врати пред камерите нудејќи му ја улогата во филмот „Бандите на Њујорк“.
Деј Луис е во брак со Ребека Милер и има три деца.
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
