Данева: Нема судии на ВМРО и на СДСМ – тие се секогаш со тие што се на власт
Ние немаме судии и обвинители кои припаѓаат на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ. Тие се секогаш на оние кои се на власт, , вели за #Детектор професорката на Правниот факултет во Скопје, Ана Павловска Данева. Зборувајќи за изборот на Абази во Обвинителството за гонење на организиран криминал таа потенцираше дека голем број обвинители гласале за Абази без да знаат ништо за него.
Причина за клиентелизмот кај правосудниот кадар според Данева е трговијата со влијанија, услугите кои им се нудат, вработување на членови од семејството...
„Не е точно дека судиите и обвинители и служат на идеолошката матрица на партијата која на времето ги бирала. Јас тврдам дека во нашава држава, за жал, ние немаме судии и обвинители кои припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или ДУИ. Буквално за жал, интегиртетот е на такво ниско ниво кај судиите и обвинителите, не знам од што е тоа предизвикано, имаат траен мандат, релативно добри плати, да тие се сечии, тие се секогаш на оние кои се на власт. Ние видовме дека судии и обвинители избрани во време на ВМРО-ДПМНе на Груевкси сега стануваат најблиски соработници на Заев и на Ковачевски. Нема идеолошка матрица, туку да се биде секогаш блиску до власта“ – вели Данева.
Ново на Сител
-
Жена и ставила перница на глава на бабата на својот сопруг и пробала да ја задуши
-
Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата
-
На „Табановце“ се чека околу 40 минути, на „Богородица“ половина час
-
Русија ликува по Самитот на Трамп, а Путин наводно ги бара Доњецк и Луганск
-
Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата
-
ЦУК: 27 пожари на отворен простор, активни два и еден под контрола
-
Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа