-->
-->
Дамјан Стојановски уште една сезона во МЗТ Скопје
-->
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Стојановски и во следната сезона ќе го носи дресот на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Подолго време двете страни преговараа околу продолжување на соработката.
- Македонскиот репрезентативец Дамјан Стојановски потпиша нов договор со тимот на МЗТ Скопје Аеродром, кој ќе важи во натпреварувачката сезона 2015-2016. Поради здобиената повреда во текот на минатата сезона, Дамјан Стојановски одигра само девет натпревари во дресот на македонскиот шампион. Во петте настапи од АБА лигата тој имаше просек од 11 поени 2 скока и 1.6 асистенции, додека во домашниот кошаркарски шампионат на четири средби оствари просечен учинок од 10.8 поени, 3.5 скока и 3.3 асистенции. По завршувањето на неговите обврски со националниот тим ќе се приклучи на подготовките на МЗТ Скопје .
Претхпдно македонскиот шампион ја продолжи соработката репрезентативецот Марко Симоновски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети