„Дамата со камелии“ во Македонската опера и балет
Во Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ на музика од Џузепе Верди. Во главните улоги ќе настапат првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски.
- Балетската продукција „Дамата со камелии“ наиде на одличен одѕив кај публиката и беше оценета со позитивна критика. Својата премиера ја имаше на 31 октомври 2014 година. Работена е на музиката на Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка, соопшти МОБ.
Покрај солистите Кичевска-Шокаровска и Ковачевски, ќе настапи балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент е Иван Еминовиќ.
Ново на Сител
-
Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“
-
Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост
-
Илјадници Американци му оддаваат почит на убиениот Чарли Кирк
-
Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија
-
Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд
-
Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР
-
Орбан: Европа под водство на Фон дер Лајен оди кон провалија