„Дамата со камелии“ во Македонската опера и балет
Во Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ на музика од Џузепе Верди. Во главните улоги ќе настапат првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски.
- Балетската продукција „Дамата со камелии“ наиде на одличен одѕив кај публиката и беше оценета со позитивна критика. Својата премиера ја имаше на 31 октомври 2014 година. Работена е на музиката на Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка, соопшти МОБ.
Покрај солистите Кичевска-Шокаровска и Ковачевски, ќе настапи балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент е Иван Еминовиќ.
Ново на Сител
-
Пред дуелот со Велс, македонските фудбалери ќе имаат контрола со Летонија
-
46-годишен маж од Скопје се удави во Дебарско Езеро
-
ЦУК: Активни шест пожари на отворено, еден е под контрола, а изгаснати се 21 пожари
-
Нетанјаху ги предупреди жителите на Газа веднаш да се евакуираат
-
Виландер: Синер е шампион, а Алкараз е суперѕвезда
-
Пет лица повредени во сообраќајка кај патот Маврово-Гостивар во која учествувале осум возила
-
Приведен 46-годишник, со огнено оружје се заканувал на пријавителот
-
35-годишна жена од Богданци физички нападната од нејзиниот сопруг во угостителски објект