Македонија
29. September 2015 - 8:40

„Дамата со камелии“ на сцената на Народно позориште во Сараево

Балетската претстава „Дамата со камелии“ во која главната машка улога на Арман, ќе ја толкува првенецот на македонскиот балет Бобан Ковачевски, а со оркестарот ќе диригира Бисера Чадловска, ќе биде изведена денеска на сцената на Народното позориште во Сараево.

„Дамата со камелии“ својата премиера ја имаше на 31 октомври минатата година.