Дали сте чуле за „синдромот мртва вагина“?
Додека многу сексуални помагала се сметаат за многу добри при стимулирање на вагината, постојат одредени сомнежи дека вибраторот има негативно влијание. Многумина сметаат дека пречесета употреба на вибраторот ја десезитивизира вагината, односно предизвикува синдром на „мртва вагина“.
Стручните лица решија да објаснат дали овој синдром, кој наводно ја убива страста меѓу партнерите, навистина постои или е само мит.
Гинекологот Шајза Малик за „Метро“ изјави дека не постои медицински доказ дека синдромот на мртвата вагина доведува до губење на сензитивноста.
Докторката објасни дека слабеењето на сензитивноста може да биде само моментно.
– Секое чувство на десензитивност може да трае најмногу до еден час – вели гинекологот и додава дека намалување на чувството на сензитивност на вагината може да се јави непосредно по раѓање на дете, за време на доење, но и за време на користење на контрацепција.
Уште една студија ја оспорува оваа теза, докажувајќи дека синдромот на „мртвата вагина“ е всушност само мит кој се шири на социјалните мрежи.
Според тоа истражување, дури ни еден отсто од жените не пријавиле губење на сензитивноста по долга употреба на вибратор. Истражувањето покажало дека користење на вибратор може да има позитивни ефекти кои се однесуваат на подобра стимулација на вагината.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села