Македонија
20. August 2023 - 16:33

Дали прекинувањето на седницата за уставни измени пред гласањето е согласно собранискиот Деловник?

Собранискиот спикер Џафери го прекршил Деловникот со тоа што го одложи гласањето за Уставните измени, обвинува поранешниот пратненик од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Според него, пратениците мораше да се изјаснат за оваа точка на денот на седницата, веднаш кога заврши дискусијата и имаше обезбедно кворум за работа во пленарната сала.

Според Димовски, постапката за изменување на Закони и други акти се едно прашање, а постапката за измена на Уставот е сосема друго прашње кои различно се обработени во Деловникот на Собранието.

Доколку Џафери навистина го прекршил Деловникот, како што тврди Димовски, сепак нема опција за одговорност.

Пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски, пак, вели дека не станува збор за прекршување на Деловникот, бидејќи постоела таква пракса.

Во четвртокот уставните измени влегоа во собраниска процедура, но бидејќи власта не успеа да обезбеди 2/3 мнозинство Џафери ја прекина седницата и го одложи гласањето.