Дали Општина Струмица се придржува кон одлуките за заштеда на електрична енергија од 15%?
Општина Струмица почна со штедењето на електричната енергија. Трошењето на струјата во објектите кои се под нејзина надлежност е сведено на минимум.
Дел од општинските згради навечер се во целосен мрак, а во некои осветлување има само на влезовите. Исклучени се и светлечките реклами како што е таа на влезот од градскиот пазар и објектите на комуналното претпријатие.
Делумно се штеди и на осветлувањето на општинската зграда на која е исклучено само половина од декоративното осветлување. Пред неколку дена градоначалникот најави дека освен генералните, тие димензионираат и дополнителни мерки, но во моментов нема конкретни информации какви ќе бидат и како ќе се реализираат.
Граѓаните со поделени ставови. Дел од нив веруваат дека мерките за штедење ќе дадат резултат, други го мислат спротивното и сметаат дека за ова требало да се мисли многу порано.
И покрај тоа што генерално ги поддржуваат мерките за штедење, граѓаните сметаат дека со нив не треба да биде опфатено уличното осветлување бидејќи на тој начин ќе се загрозела безбедноста. Според нив штедење не треба да ниту во болниците и во училиштата.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар