Дали нападот врз Бислимоски е напад врз системот?
Вчерашниот напад врз претседателот на регулаторна Бислимоски е кулминација на несогласувањата во владејачката коалицијата смета политичкиот аналитичар Бесим Небиу. Според него Џафери се решил на ваков потег затоа што Регулаторна не му го испорачала тоа што претходно било договорено.
Но за разлика од Небиу, политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека нападот нема политичка позадина. Според него станува збор за немил настан, а ваквите инциденти не би ескалирале во иднина.
Став за вчерашните случувања побараме и од ДУИ, но до овој момент одговор не добивме. Инаку за настанот сведочат неколку видео материјали, на кои се гледа како синот на Муса Џафери, физички го напаѓа Бислимоски во позната кафеана на Боемска. Причината поради која ескалирала ситуацијата е поради тоа што Регулаторна отворила постапка за одземање на лицената на фирмата У Повер поради недолично однесување на пазарот со струја,а чиј сопственик бил токму Аријанит Џафери. Во полиција напаѓачот го признал делото и заработи кривична пријава.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар
