Loading Video...
Балкан
31. August 2020 - 16:40

Дали Мило Ѓукановиќ ќе успее да состави Влада или заминува во опозиција?

Дали Мило Ѓукановиќ ќе успее да состави влада или заминува во опозиција? 

Според податоците на државната изборна комисија на Црна Гора од обработените 100 проценти од гласовите, ДПС на Ѓукановиќ доби 30 мандати, а смета и на традиционалните партнери со кои вкупно заедно има 40 столчиња во Парламентот. Од друга страна трите опозициски коалиции имаат заедно 41 мандат колку што е и потребно за избор на Влада.

Сепак Ѓукановиќ изјави дека според  бројките може да се види дека неговата партија сеуште е  најаката во земјата

Опизицијата пак веќе прогласи победа. Посочија дка на овие избори се случилА слобода. Сметаат дека за лошата сосотјба во змејата треба некој да сноси одговорност.

Голем дел од странските медиуми пишуваат дека  на овие избори Ѓукановиќ доживеал голем пораз и дека ќе биде многу тешко да состави влада, а доколку тоа НЕ се случи после многу години може да дојде до комплетна промена на политичката слика во земјата.

Дел од медиумите пишуваат дека и покрја тоа што партијата на Ѓукановиќ освоила повеќе гласови, опизициската коалција За иднината на Црна Гора има поголем потенцијал со другите ученсици на изборите да формира владина коалција.

На парламентарните избори во Црна Гора учествуваа шест коалиции и пет политички партии.

Овие  избори се 11 по ред од воведувањето на повеќепартиски систем во земјата и петти од независнота на државата.

Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ владее со земјата веќе 30 тина години.