Македонија
6. November 2019 - 16:55

Дали координираните контроли ќе донесат почист воздух? Надлежните оптимисти

Не временската прогноза туку координираните инспекциски контроли помогнале во намалување на загадувањето тврди заменикот за животна средина. Ефектите биле видливи но не откри колку загадувачи се пронајдени оваа недела. Додека еко здруженијата секојдневно објавуваат снимки од црн чад, палење отпад, гуми, заменикот за животна средина тврди дека нивниот број е значително намален.

– Ефектот е очигледен. Нема палење на кабли, на стрништа. Верувам дека овој пристап заедно со законот за комунална инспекција што треба да биде усвоен ќе донесе една поинаква слика за тоа како се врши инспекцијата. Има неколку вонредни инспекции , јас ќе одам кај еден од загадувачие во Кочани.  Ако временските услови помагаат временските услови и одмагаат... мислам дека тоа ќе се сложите бидејќи мерењето на податоците и во сите држави се носат во фаза на два параметри врз состојбата со мерните станици податоците и временската прогноза, изјави заменик министерот Јани Макрадули.

Конкретни резултати од координираната акција  има но извештаите прво ќе бидат  испратени до премиерот па потоа во јавноста.   

Министерот Макрадули пак се пофали со инспекторатот на град Скопје, во првите шест  месеци од  оваа година, изрекле 242 казни , што било двојно повеќе од лани.  Макрадули смета дека иновациите се еден од најефикасните начини за решавање на аерозагадувањето. За 9 еко проекти фондот инвестираше 1 милион евра, иноваторите веќе добиле и меѓународни медали. Електричен автомобил, велосипед со филтер за воздух, прочистувачи, филтри за индустриски капацитети се само дел од иновациите.

15 парични и прекршочни казни заработија земјоделци за палење стрништа кои биле фатени на дело од земјоделскиот инспекторат. Владата се пофали дека исчитени се неколку тони застарено ракетно гориво за градобијни ракети и друг експлозивен материјал кои биле лоцирани во Ново Село и Волково. Отпадот кој со години претставувал еден од најголемите загадувачи жаришта, сега  изнесен  од државава.

Денеска стапува на сила новиот правилник за општинските инспектори, кои од сега ќе можат да ги казнуваат и помалите загадувачи на воздухот со печки до 1 мегават.