Бизнис
2. April 2021 - 16:39

Дали ќе следува ново поскапување на струјата?

Ќе има ли ново поскапување на струјата во август?  И покрај зголемувањето на цената од 7,4 отсто минатата година , енергетските компании со лоши биланси. Мепсо 2020 година ја заврши со загуби од 6 милиони евра. Од таму велат дека засега не се знае дали и за колку би побарале зголемување на цената за пренос што дирекно влијае на крајната цена за потрошувачите. Ќе се знае во мај кога компанијата ќе ги направи сите пресметки.

Најверојатно и ЕСМ 2020 ќе ја заврши со полоши резултати од претходните години. Поради пандемијата од една страна се намали побарувачката, а од друга сушата ја  стопира работата на хидроцентралите и со тоа беа намалени приходите од продажба на вишоци на струја.

А периодот јули-декември 2020г. АД ЕСМ испорачуваше електрична енергија кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум по цена од 38.8е/MWh. Во првото шестмесечје од 2020г, цената беше 37.7 е/MWh, што значи дека корекцијата не беше од формат кој ќе даде исклучително влијание врз работењето. а периодот јули-декември 2020г. АД ЕСМ испорачуваше електрична енергија кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум по цена од 38.8е/MWh. Во првото шестмесечје од 2020г, цената беше 37.7 е/MWh, што значи дека корекцијата не беше од формат кој ќе даде исклучително влијание врз работењето.

Во почетокот на јуни ќе се направи проценка на состојбата на термоелектраните и на хидро состојбата, по што врз основа на тие податоци ЕСМ ќе ја формира цената по која ќе обезбедува електрична енергија кон ЕВН Хоум за периодот јули-декември 2021г. Сепак, крајната цена на електричната енергија ја одредува РКЕ, се вели во дописот од ЕСМ.

Од РКЕ велат дека ќе почекаат да ги добијат барањата на компаниите кои треба да ги достават до крајот на мај. Но оттаму појаснија дека 62 проценти од крајната цена што ја плаќаат потрошувачите се формира без влијание на Регулаторна.

Во август лани цената на струјата се зголеми на барање на државните енергетски комапнии  кои посочија дека имаат намалени приходи поради пандемијата е се неопходни за нови инвестиции и непречно снабдување со  струја.