-->
-->
Дали и вие пушите во вашиот дом - правите голема грешка, може да биде опасно
-->

Купување или изнајмување на стан или куќа во која живееле пушачи може да биде сериозен здраствен проблем отколку што можете да помислите, а научниците тврдат дека тоа може да го зголеми ризикот од заболување од рак зошто токсичните хемикалии многу долго се задржуваат во теписите, завесите, ѕидовите и намештајот.
Таканаречениот „Чад од трета рака“ претставува опасност за здравјето, поготово кај малите деца и луѓе кои кои се веќе имаат проблеми со здравјето.
Научниците откриле дека штетните остатоци на чадот од цигарите можат да навлезат во секоја порозна површина, поради што многу тешко можете да ги отстраните, а тоа значи дека луѓето можат да бидат изложени на опасни хемикалии дури иако никогаш не пушеле.
На Универзитетот во Сан Диего направиле истражување на влијанието на „чадот од трета рака“ на луѓе кои доаѓаат во контакт со него во изнајмени и купени куќи, возила за изнајмување, хотелски соби и казина.
Се покажало дека становите и куќите се вистински резервоари на загаденост од чад од цигари чие испарување се впива во ѕидовите. Гипсот, на пример, е дупка без дно за токсините, а слично е и со теписите и тапетите.
На овие опасни хемикалиите посебно изложени се децата поради своето истражување и допирање на се околу себе, лазење и ставање во уста различни предмети. Чадот од цигарите содржи илјадници хемикалии кои се таложат на различни површини, а многу од нив се токсични и канцерогени.
Бришењето прашина и смукањето, како и бојадисување на ѕидовите не е доволно за да се ослободиме од наслагите од димот од цигарите дури и по неколку месеци откако во некои простории ќе се престане да се пуши.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ограбен скопјанец кој побарал помош при вадење на пари од банкомат
-

Тетовец ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца
-

21-годишно момче со мотор загина во тешка сообраќајка кај Радишани
-

27 пакувања со марихуана пронајдени кај затвореник во Идризово
-

Момче паднало од тобоган и скршило вратен пршлен во Турција, со владиниот авион ќе биде вратено во Македонија
-

Тетовец продал камион за 11.000 евра на рати – останал и без камионот и без парите
-

Активни пожари во селата Могила и Ропотово, горат ниска вегетација и стрниште
-

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата го продолжи трендот на намалување и во јули изнесува 2,3 проценти
