Македонија
28. April 2025 - 12:31

Дали е потребен закон за Уставен суд?

Во Уставниот суд денеска се одржува тркалезна маса на тема „Дали ни е потребен закон за уставниот суд?“, Со цел да се отвори дебата за потребата од донесување на посебен закон, што ќе го  регулира работењето на Уставниот суд, Преку дијалог меѓу претставници на институциите, правната струка и граѓанскиот сектор.

На настанот се обратија претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, евроамбасадорот Рокас, и амбасадорките на Германија и САД.