Дали Бог навистина постои - Преубав одговор на еден обичен човек
Еден човек отишол на бербер да се ишиша и избричи. Како што берберот почнал да работи, разврзале муабет. Разговарале за многу работи и за различни теми, за на крај да стигнат до Бог.
Фризерот: “Јас не верувам дека Бог постои.“
“Зошто така рековте?“ – Прашува муштеријата.
“Знаете, доволно е да излезете на улица и да сватите дека Бог не постои. Кажете ми, ако Бог постои зарем по улиците би шетале толку гладни и болни луѓе?“
“Дали би имало толку напуштени деца? Ако Бог постои не би имало страдање и болка. Не можам да го замислам тој Бог кој би дозволил вакви работи да се случуваат“ – вели берберот.
Муштеријата се замислил за момент, но не одговорил ништо, несакаќи да започне расправија.
Берберот завршил со својата работа и муштеријата ја напуштил работилницата. Само што излегол видел на улица човек со долга, неуредна, валкана коса и неугледна брада…
Муштеријата се вратил назад кај берберот и рекол: “Знаете што? Бербери не постојат!“
“Како можете тоа да го тврдите?“ – запрашал изненадено берберот. “Јас сум тука и јас сум бербер и токму јас ве шишав и ве бричев!“
“Не “– Викнал муштеријата. “Бербери не постојат, бидејќи ако постоеа не би имало низ улиците луѓе со валкани долги коси и неизбричени бради, како овој човек кој тукушто помина.“
“Ах, но бербери сепак постојат! Такви работи се случуваат бидејќи луѓето не доаѓаат кај мене!“
“Точно! “– потврдил муштеријата. “Токму така!“
“Бог исто така постои. Лошите работи се случуваат кога луѓето не одат кај него, не бараат помош…Токму затоа има толку болка и страдање во светот!“
Ново на Сител
-
Приведени четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот | ВИДЕО
-
Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген
-
Апел за рационално користење на водата за пиење во град Скопје
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Во изминатите 24 часа 33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати, а пет под контрола
-
Израел почнува „тактичка пауза“ на воените дејствија во три области во Појасот Газа
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини