Далај-лама: Светот да направи повеќе за зачувување на животната средина
Државите мора да се мобилизираат и да направат повеќе за животната средина, побара денеска тибетскиот духовен водач Далај-лама во обраќањето пред лидерите на развиените земји од Г7. Тој истакна дека природните катастрофи и климатските промени најмногу влијаат на најсиромашните луѓе во светот.
Далај-лама учествуваше на виртуелниот состанок на лидерите на покана на претседателот на Претставничкиот дом на Америка, Ненси Пелоси. На состанокот присуствуваа лидери од Канада, Европската унија, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Велика Британија.
– Денес треба да обрнеме поголемо внимание на глобалното затоплување, рече Далај-лама, кој ја доби Нобеловата награда за мир во 1989 година за својата посветеност кон животната средина и неговата ненасилна кампања за заштита на правата на Тибет, контролиран од Кина.
– Поради глобалното затоплување, во некои области врне премногу дожд, други области се погодени од суша. Овие луѓе страдаат, особено во Африка, делови од Индија и Кина, рече тој. Далај-лама додаде дека климатските промени влијаат различно на луѓето, во зависност од нивниот животен стандард. Богатите луѓе, кои одат во големи хотели „навистина не ги чувствуваат“ ефектите од глобалното затоплување, рече тој. Но, сиромашните се соочуваат со сериозен проблем.
Тибетскиот водач живее во егзил веќе 60 години во Дарамсала, во северна Индија.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп