Далај Лама го прославува 90. роденден
Тибетскиот будистички духовен водач Далај Лама денеска го прославува 90 роденден во будистичкиот храм во Дарамсала, северна Индија, каде живее во егзил.
Меѓу присутните беа претставници на индиската Влада, како и холивудската ѕвезда Ричард Гир, кој со децении се залага за тибетските права.
Далај Лама истакна дека негова задача е да му служи на својот народ и да го шири учењето на Буда, според преводот од тибетскиот јазик.
– Ја изгубивме нашата земја и живееме во егзил во Индија, но успеав да направам многу добро за суштествата. Затоа, живеејќи овде во Дарамсала, планирам да им служам на суштествата и на дармата колку што можам, изјави вчера Далај Лама.
За Пекинг Далај Лама е сепаратист и инсистира Кина да го одобрат неговиот наследник како наследство од империјалното време. Претходно, Далај Лама изјави дека ќе се реинкарнира во „слободен свет“.
Тибетските будисти веруваат дека ламите по нивната смрт се реинкарнираат. Сегашниот Далај Лама имал две години кога еден будистички научник во него видел реинкарнација на неговиот претходник. Тој избегал од Тибетска Висорамнина во 1959 година, патувајќи низ светот проподевајќи мир.
Далај Лама во 1989 година е награден со Нобелова награда за мир, а во 2011 година го прекина политичкиот ангажман.
Ново на Сител
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“
-
69 независни кандидати за градоначалници – 6 во Прилеп
-
Данева: Собранието го игнорира Уставниот суд
-
Родители реагираат за искинати учебници – МОН најавува брзо решение