Македонија
23. August 2018 - 13:54

Даеву Матиз се заби во Томас - повредено едно лице

Даеву матиз се заби во Томас, повреден 35-годишен тетвочанец. Според инфомациите на МВР, вчера околу 12.20 часот на бул.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „Даеву  матиз“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(57) од Тетово, удрило во мопед „Томос“ со тетовски регистарски таблици, управувано од М.Б.(35) од Тетово. Со истото возило М.Б. бил пренесен во тетовската клиничка болница и бил задржан за натамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.