Дачиќ: Време е за отворање на првите поглавја
Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ги повика денеска земјите-членки на ЕУ објективно да ја согледаат улогата на Србија во сите случувања на Балканот и во Европа, верувајќи дека е време за отварање на првите поглавја и се надева дека во брзо време на Советот на Унијата ќе биде донесена таква одлука.
Обраќајќи им се на министрите за надворешни работи на ЕУ и државите кандидатки за членство на средбата во Луксембург, Дачиќ потсети на периодот во кој се случиле многу позитивни настани, кои според него уште еднаш го потврдуваат определувањето на Србија и правецот кон кој се движат неговата земја и целиот Западен Балкан.
- Со потпишување на четирите договори во Брисел се решени некои од најважните прашања поврзани за секојдневниот живот, пред се на Србите во Косово. Верувам дека овие договори се многу важни и за целосната стабилност во регионот, нагласи шефот на српската дипломатија.
Ново на Сител
-
СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува
-
Безбедноста на посетителите приоритет за претстојната „Штипска пастрмалијада“
-
Не запира рибокрадството
-
Преглед на вестите од светот
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски