Дачиќ: Србија води мудра државна политика
Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска оцени дека одлуката на премиерот Александар Вучиќ и претседателот Томислав Николиќ ја покажале мудрата државна политика која ја води Србија.
-Со оваа одлука се штитат националните и државните интереси на Србија, но и интересите на српскиот народ во Република Српска. Србија уште еднаш покажа дека е цврсто определена за мир и регионална стабилност, наспроти антисрпската и воено подбуцнувачка политика во некои земји од регионот, кои за крајна цел имаат провоцирање на Србија, запирање на нејзиното напредување и укинување на Република Српска, истакна Дачиќ.
Дачиќ нагласи дека, ништо од тоа нема да се оствари бидејќи Србија паметно ги штити своите интереси, српскиот народ во целост и сите нејзини граѓани.
Иако војната на просторите на поранешна СФРЈ е одамна завршена, за жал, вистинскиот мир се уште не е почнат. Србија даде пример како се однесува земја која навистина сака мир и стабилност. Очекуваме дека и другите така ќе се однесуваат, во интерес на иднината на целиот регион, соопшти српското Министерство за надворешни работи.
Претходно, српскиот премиер Александар Вучиќ, по состанокот на државниот врв на Србија со највисоките официјални претставници од Бања Лука, изјави дека Србија секогаш ќе остане со српскиот народ во Република Српска.
Тој и претседателот Томислав Николиќ не го поддржаа одржувањето на референдумот за Денот на Република Српска. Тие, исто така, не сакаа да влијаат на промена на ставот на легитимно избраните политички претставници на Србите во РС.
- Без разлика на различното согледување на политичките последици од референдумот, кои ги изнесовме на состанокот ние од Србија и политичките претставници на Србите од РС, можам само да порачам дека Србија секогаш ќе биде и ќе остане со нашиот народ во Република Српска, нагласи Вучиќ.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со мала локална облачност, наместа минималната температура ќе се спушти под нулата
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина