Дачиќ: Србија нема да дозволи да биде најголема жртва на мигрантската криза
Србија нема да дозволи да биде најголема жртва на мигрантската криза, треба да биде во контакт со земјите од т.н. балканска рута и да преземе мерки за заштита на своите државни и национални интереси, истакна српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.
- Затворањето на границите не е исто како и подигнување огради, но во секој случај Србија се наоѓа во ситуација кога треба многу внимателно да следи што се случува. Тоа значи дека Србија подготвува мерки кои ќе ја гарантираат безбедноста на националните и државните интереси. Покажавме дека сме хумани, но нема да дозволиме да бидеме жртви на мигрантската криза, изјави Дачиќ по вчерашната посета на Унгарија и средбата со премиерот Виктор Орбан.
Тој не соопшти повеќе детали за најавените мерки, но нагласи дека се неопходни постојани контакти со земјите кои се наоѓаат во горниот дел на тн. балканска мигрантска рута, но и дека положбата на Србија зависи од тоа што понатаму ќе се случува во односите меѓу ЕУ и Турција во рамки на договорот за решавање на бегалската криза.
Ново на Сител
-
Осум повредени во пожарот во Кочани се враќаат од лекување во Турција, Бугарија и Словенија
-
ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор
-
Вработените на ЗОО Скопје ја бараат платата за март, СОНК повика итно да им се исплати
-
Приведен возач од Дебар, возел со 2,77 промили алкохол и без возачка дозвола
-
Мицкоски: Економијата е консолидирана, настапува период на развој и реализација на стратешките цели
-
Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален за 4,7 п.п. продолжуваме со фискална консолидација и забрзан економски раст
-
Словенецот Јака Малус е нов играч на Вардар
-
Приведен 44-годишен маж во кумановско, возел под дејство на алкохол