Дачиќ потврди дека има заразени лица со Ковид-19 во српската Влада
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска потврди дека државниот секретар во Министерството за животна средина Бранислав Блажиќ е заразен со новиот коронавирусот. Дачиќ во изјава за локална телевизија рече дека Блажиќ присуствувал на состанокот на ресорниот комитет во Владата, во одборот и бил во контакт со други членови на комисијата.
– Имаме други вработени во Владата и во министерствата кои се заразени, рече Дачиќ, без да прецизира колку лица се инфицирани.
Белградски медиуми синоќа објавија за заразени со Ковид-19 во српската Влада, повикувајќи се на „извори запознаени со ситуацијата“.
Блажиќ е од Кикинда, град кој е едно од жариштата на епидемијата на новиот коронавирус во Србија.
Според српските медиуми, сите од Министерството за животна средина кои биле во контакт со Блажиќ сега се во изолација, а министерот Горан Триван само телефонски контактирал со генералниот секретар на неговото Министерство и со сите други со кои Блажиќ бил во контакт. Блажиќ во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Белград.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола