Дачиќ: Никој нема право да ја учи Србија каква надворешна политика ќе води

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денес изјави дека „никој нема право да ја учи Србија каква надворешна политика ќе води“, одговарајќи на изјавата на хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, поради која Белград вчера испрати протестна нота до Хрватската амбасада, јави дописникот на МИА од Белград.
Дачиќ оцени дека и по нотата „Хрватска продолжува да ја советува Србија да се држи до вистинската страна на историјата“ и праша како некој може да се меша во надворешната политика на една земја и како може да важи еден принцип на меѓународното право кога се во прашање Русија и Украина, а друг принцип кога станува збор за Косово.
Тој порача дека во Хрватска „систематски се гради однос на омраза кон Србија и српскиот народ“. -Станува збор за постојана кампања.
Тие се заинтересирани за се што може да предизвика политичка нестабилност, рече Дачиќ на ТВ Пинк.
Шефот на српската дипломатија оцени дека е потребно да се биде „практичен“ и дека во односите меѓу двете земји треба да се утврди кои се проблемите од минатото, како и да се дефинира кои проблеми остануваат нерешени и да се решаваат.
Министерството за надворешни работи на Србија вчера упати протестна нота до хрватската амбасада во Белград поради неприфатливите изјави на хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман дека „Вучиќ може да биде трабант и сателит на Русија, но нема да се дозволи влијание на Русите или други малигни влијанија кои би ја нарушиле стабилноста на Западен Балкан“Шефот на хрватската дипломатија изјави и дека српскиот претседател Александар Вучиќ мора да одлучи на кое столче ќе седне, алудирајќи на неговите обиди да одржува добри односи и со Русија и со Европската унија.
Дачиќ остро ја осуди вчерашната изјава на Грлиќ Радман и рече дека никој нема право, а најмалку Хрватска, да дели лекции и брутално да се меша во внатрешните работи на Србија.
Ново на Сител
-

Шведска планира затворски центри за криминалци на возраст од 13 години поради растот на криминалот на бандите
-

Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
