Дачиќ: Нема стабилен Балкан ако САД не најдат минимум заеднички интерес со Србија

На Балканот нема да има стабилност доколку САД не изнајдат минимум заеднички интерес со Србија, изјави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за државната телевизија РТС.
Во изјавата, дадена по средбата на министрите за надворешни работи од Западен Балкан со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Херберт Рејмонд Мекмастер во Вашингтон, Дачиќ нагласи дека САД „имаат некоја своја политика и нив ги интересира руската политика на Балканот“.
Српското Министерство за надворешни работи вечерва соопшти дека целта на средбата на Мекмастер со шефовите на дипломатиите од балканските земји била „САД да покажат дека сакаат стабилност и напредок на сите во регионот“, при што истакнале „подготвеност за интензивирање на соработката“.
Говорејќи за извештајот на Атланскиот совет за новата американска стратегија за Балканот, Дачиќ во изјавата за РТС нагласи дека во формален смисол тоа не е документ на американската Администрација, туку на невладина организација, кој „може да има некакво влијание, но и не мора“.
Во врска со можноста за измена на форматот на преговорите меѓу Белград и Приштина со вклучвање и на САД во дијалогот, Дачиќ изјави дека ЕУ го префрлила преговарачкиот процес во Брисел, а не Србија.
- Генералното собрание на ОН донесе таква резолуција и тој формат не може да се измени туку така, рече Дачиќ.
Тој нагласи дека досега никој формално не изнел предлог за измена на форматот, како и дека постојат спротивставени мислења за тоа прашање меѓу ЕУ и САД.
- Но, да не кажуваме сега бајки. САД секогаш на некој начин беа присутни зад сцената за време на овој дијалог, изјави Дачиќ.
Ново на Сител
-

Несреќа во Црна Гора, карпа падна врз автобус полн со деца кои се враќале од екскурзија
-

Москва нападната од десетици украински беспилотни летала, најмалку двајца загината и шест повредени
-

Претпладне променливо облачно, попладне дожд - од понеделник пад на температурите
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
