Балкан
10. February 2017 - 10:59

Дачиќ: Харадинај сака да се прикаже себе си како политичка жртва

Рамуш Харадинај сaка себеси да се претстави како политичка жртва, но тој е всушност воен злосторник, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Во изјава за РТС тој вели дека Приштина нема право според Резолуцијата 1244 да формира војска на Косово.

- Тие не можат без гласови од Српската листа да донесат таква одлука. На тоа немаат право поради Резолуцијата 1244 и таква одлука би била нелегална. Според таа резолуција, единствени вооружени сили се ОН -КФОР, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека формирањето вооружени сили на Косово се дополнителен фактор за нестабилност и Србија ќе се бори против тоа со сите политички средства.