Дачиќ: Француско-германскиот предлог поаѓа од фактот дека Косово е независно
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека основите на француско-германскиот план за Србија се неприфатливи бидејќи планот најпрво поаѓа од фактот дека Косово е независно, јави дописникот на МИА од Белград.
Тој додаде дека Србија треба да има подадена рака кон сите делови на светот и дека треба да биде насочена кон своите национални интереси.
-Србија многу ризикува со воведувањето санкции кон Русија, таа нема гаранција дека со тоа нема да ги загрози своите национални интереси. Ние немаме гаранција од некој од Западот дека овие интереси ќе бидат заштитени, изјави шефот на дипломатијата.
Дачиќ синоќа гостувајќи на Еуроњус Србија малку повеќе го објасни ставот на Србија за француско-германскиот предлог, кој тргнува од фактот дека Косово е независно.
-Сметаме дека тоа е направено еднострано, што е меѓународно неприфатливо. Се тргна од фактот да Приштина и некои земји што ги признаваат сметаат дека ова прашање не треба повторно да се поставува. Ние сметаме дека врз основа на резолуцијата 1244 мора да има дијалог за тоа. Тие бараат еднострано наметнатото решение да биде прифатено од наша страна – изјави Дачиќ.
Намерата, додаде тој, е да се продолжи како ништо да не се случило, „а она што се случи е дека бриселскиот договор е мртва буква“.
-Брисел не го исполни тоа да биде грант за спроведување на договорот, пред сè околу ЗСО (Заедница на српски општини). Без ЗСО се губи суштината и девет години одбивате да ја формирате, додека Србите учествуваат во институциите и се поставува прашањето до кога тоа ќе трае. Парадоксално е што ние се повикуваме на бриселскиот договор, а оние кои треба да го гарантираат негово спроведување – не, потсети Дачиќ.
Тој изјави дека пресметката на Курти е „во неговата мегаломанија дека глобалните односи се такви што Србија сега е на погрешна страна“ и со тоа сака да доведе некои западни земји во ситуација да види како тие ќе се однесуваат.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
