Дачиќ - Црндак: Билатералната соработка е многу добра
Првиот потпретседател на српската Влада и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ и министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Игор Црндак денеска во Белград разговараа за билатералните односи, регионалната соработка и предизвиците со кои ќе се соочат двете држави во наредниот период.
Црндак уште еднаш и честиташе на Србија на отворањето на пристапните преговори за полноправно членство во Европската унија, при тоа изразувајќи оптимизам дека процесот на преговори меѓу Белград и Брисел дополнително ќе ја зајакне соработката меѓу земјите од регионот и ќе биде позитивен поттик за БиХ на нејзниот пат кон членство во ЕУ.
На средбата Дачиќ - Црндак констатирано е дека досегашната соработка меѓу институциите на БиХ и на Србија во процесот на европски интеграции е многу добра и оти дополнително ќе зајакне со потпишувањето на Договорот за соработка меѓу Советот за министри на БиХ и Владата на Република Србија во контекст на процесот на пристапување на ЕУ, што произлегува од обрвските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Иницирани се и билатерални преговори за потпишување на овој договор.
На средбата разменети се и информации за политичката ситуација во БиХ и во Србија и реформските процеси во двете земји.
Ново на Сител
-
АМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри кај Неготино и Демир Капија
-
Германска министерка се изјасни за забрана на огномети во Германија
-
Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово