- Да сум закон веднаш би го бесела, се огласи мајката на 13-годишното девојче од Врање
- Да сум закон, веднаш би го бесела. Огорчена сум од надлежните бидејќи тој манијак веќе неколку пати го имам пријавено, а тој и понатаму е на слобода. Со овие зборови ја започнува исповеста Верица Станисијевиќ (43) од Врање, мајка на 13-годишно девојче кое со месеци било прогонувано од Ненад Стевановиќ (37). Тој е уапсен после објавувањата на фотографиите во медиумите на кои се гледа како бакнува девојче пред училиште. пишува курир.рс.
Верица, е домашна помошничка во една фирма во Врање, зборува дека целата голгота за неа и нејзиното дете и семејство започнала во јули оваа година кога во полицијата го пријавила исчезнувањето на нејзината ќерка.
- Со Ненад се запознала преку Фејсбук. Отиде кај тетка и, но не се вратила дома бидејќи Ненад ја однел во Врањанската Бања и сакал да се ожени со неа. Сето тоа го спречила полицијата веднш по мојата пријава и јас се надевав дека педофилот ќе биде затворен. Да бев закон веднаш ќе го обесев, раксажува очајната мајка.
Меѓутоа, обвинителството тогаш донела одлука да не покрене кривична пријава.
Може татко да и биде:
- Таа е дете, џабе и зборуваш кога тој ја заведува пред училиште. За среќа не биле заедно. Таа вети дека нема повеќе да се гледа со него, но... Тој и купува подароци, од играчка до парфем. И другарките и зборувале и се прифаќаше додека тој не се појави...
Мајката зборува дека манијакот повтрон го пријавила во полиција кога нејзината ќерка се обидела во понеделникот за се отруе.
- Таа се уплаши дека Ненад ќе не убие. Таа купила „ аналгин“ и испила неколку таблети. И мене, верувајте ми е страв од манијакот, страв ми е да излезам до продавница. И мојот сопруг има здравствени проблеми, само што излелзе од болница, зборува мајката.
- Што сум поминала и колку солзи сум пролила само мојата душа знае. Зборував ли зборував. Се омажив на 25 години, имам две деца, две ќерки. Старата ќерка има 15 години и таа се омажи млада, но споразумно го одобривме тој брак. Мислам дека сето ова започна кога ја омаживме постарата ќерка: ја притискавме поради врската. Тој манијак и зборувал „ Цело семејство ќе ти го истепам“. Таа се плаши, а и ние. Ја носиме и ја враќаме од училиште одиме кај педагози и писхолози, сегде само за да ја спасиме нашата ќерка, зборува мајката.
Ново на Сител
-
Таравари: Одлуката на Уставниот суд за балансерот е избрзана
-
ТАВ подготвува мастер план за развој на аеродромите во Скопје и Охрид
-
Спасителите и оваа година со бројни интервенции
-
Во Струмица ќе се градат дополнителни 5,5 километри велосипедски патеки
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Интеграцијата на ЕУ да се темели на напредок, а не билатерални прашања
-
Тема на денот со професор Методи Хаџи Јанев
-
ВО ЖИВО: Мицкоски во Брисел на средба со Фон дер Лајен и Мишел