Да се реши сообраќајниот метеж бараат од тетовската населба Борис Кидрич
Со протестно собирање на раскрсницата од улицата „Борис Кидрич“ со булеварот „Благоја Тоска“ и пред автопералната што се наоѓа непосредно до основното училиште „Братство Миѓени“ кај спортскиот центар во градот дел од жителите на месната заедница Борис Кидрич од Тетово, но и повеќе други граѓани попладневно го искажаа своето незадоволство од тоа што токму тука тротоарите постојано се блокирани од автомобили и диви продавачи што пак ги принудува пешаците, особено децата да одат по коловозот на оваа улица што е една од најпрометните во градот.
Жителите очекуваат дека на овој начин ќе предизвикаат реакција на општинските власти, кои според нив треба најитно да преземат мерки за средување на сообраќајниот метеж и ослободување на тротоарите за движење на пешаците.
- Се собравме за да изразиме револт и да и укажеме на општина Тетово да почнат да го расчистуваат тротоарот да биде побезбедно за движење на децата кои одат на училиште, повозрасните луѓе коишто ги носат децата на училиште или пак одат на пазар, изјави претседателот на месната заедница Борис Кидрич, Мирче Блажевски.
Според Бранислав Светозаревиќ, жител од оваа населба, децата и родителите секогаш се на улица, а автомобилите пак се на тротоарот. - Безбедноста е на најниско можно ниво и не треба да се чека да се случи нешто лошо за да се преземат мерки, додаде тој.
Во изминатиот период на оваа улица се случија неколку сообраќајки при што настрадаа пешаци од возила што минуваат тука.
Ново на Сител
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Невреме проследено со силен ветер и крупен град во Дојран
-
Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“