Да се прогласи кризна состојба на јужната и северната граница, предлага Групата за процена на Владата
– Групата за процена на Владата предлага да се донесе одлука за постоење кризна состојба на јужната и северната граница на државата заради заштита на јавното здравје од илегална миграција.
Ова е заклучокот од денешната седница на Групата одржана преку видеоконференциска врска.
На седницата, раководителот на Групата за процена, Стојанче Ангелов, отвори дискусија за проценување на состојбата и утврдување на потребата за продолжување на кризната состојба на дел од територијата на државата.
-Групата за процена му предлага на Управувачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата на Република Македонија да донесе одлука за постоење на кризна состојба на дел од територија на Република Македонија и тоа на подрачјата на јужната и северната граница на Република Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот „SARS-CoV-2“ и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението, наведува ЦУК.
Ново на Сител
-
Попладнево избувна голем пожар кај валандовско Грчиште, изгорени неколку штали
-
Трамп за Маск: Можеби ќе го депортирам, можеби ќе му го пуштам „DOGE“
-
Германија финансира дронови за Украина
-
Зеленски одликува 226 украински војници
-
ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ
-
Србија заостанува зад другите кандидати за членство во ЕУ, тврди данската министерка за надворешни работи
-
Муртезани: Реформите и заедничкиот пазар се наш компас кон стабилност, единство и иднина
-
Повредени две лица во сообраќајка во Куманово