Македонија
28. јуни 2024 - 12:24

Да се постават табли на плажите кои не се безбедни

Спасителите на вода ќе ги обезбедуваат со патролни чамци и оние плажи долж охридското езеро кои не се безбедни но бараат да се постават табли дека граѓаните се капат на своја одговорност.Само една третина од капалиштата ова лето ќе имаат ангажирано спасители.

„Немаме уредени капалишта кадешто можат да се обезбедат сите безбедни услови за капење, спорт и рекреација , зборувам од обележување на капалиштата, до набљудувачница , до места-пунктови за укажување прва помош , значи тоа се услови кои ги предвидел законодавецот за едно безбедно капалиште.“ – вели Точков.

Од година во година се помал е интересот кај младите да се обучуваат за спасители на вода. Од друга страна дел од оние кои веќе се стекнале со сертификат се иселуваат во странство.

Од 480 колку што има обучено досега Црвениот крст, сега останавме само на двоцифрена бројка, затоа што голем дел од спасителите се иселија во други држави поради економската состојба, дел од нив работат како спаистели во странство користејќи го стекнатиот сертификат. Проблемот е како и во сите други сфери и струки така и во спасувањето. Со големи напори се трудиме да излеземе во пресрет и да одржуваме безбедност на охридските капалишта.“ – вели Точков.

Спасители на вода, како дејност охридскиот Црвен Крст воведе во 2005 та година и оттогаш на обележаните капалишта кои биле обезбедувани од спасители немало ниту еден фатален случај на давеник.