Ракомет
9. April 2016 - 10:11

„Да се биде или не“ за македонските ракометари

По стартниот пораз од Полска, ракометната репрезентација на Македонија е пред клучлниот меч со Тунис во квалификациите за пласман на Летните олимписки игри во Рио летово.
 
Друга опција освен победа во дуелот со една од најдобрите африкански ракометни селекции, не постио, за оваа генерација на македонски ракометари кои втор пат во својата кариера, а за многумина можеби и последен, имаат шанса да стигнат до учество на најголемиот, најпосакуваниот и најпрестижен светски спортски настан Олимпијадата. 
 
- Тунис е цврста екипа со голем квалитет. Се подготрвувавме за нив уште пред доаѓањето овде. Ги следавме против Чиле, но мислам дека на тој меч одиграа резервирано. Дојдовме овде со го добиеме Тунис. Тоа беше наша примарна цел, и ете, сега мораме. Друг избор немаме. И покрај поразот од Полска остануваме со позитивна енергија. Против Тунис ќе го дадеме максимумот да ја оствариме таа толку многу посакувана победа, која ќе не доближи до Рио, изјави пивотменот Стојанче Стоилов кој против Полска постигна три гола.
 
За разлика од црвено-жолтите, Тунижаните веќе ја забележаа првата победа и тоа очекувана во дуелот против Чиле. Но, таа нема да им значи ништо доколку бидат поразени од нашата селекција. Сапак, Тунис е во предност, бидејќи остварија победа со 6 гола разлика над Чиле, па доколку натпреварот со Македонија заврши нерешено, нашите ракометари во последното коло ќе мораат да го совладаат Чиле со повеќе од шест гола. 
 
Натпреварот Макеоднија – Тунис ќе започне од 18 часот и 30 минути, а во вториот натпревар од оваа група вечерва од 20 часот и 30 минути, ќе играат домаќинот Полска и Чиле.