-->
-->
Да не ми умреше детето, Лепа Брена немаше да стане ѕвезда
-->

Моето дете умре, а се роди ѕвезда – Лепа Брена. После 36 години проговори Спаса, првата пејачка на “Слатки грех“. Спаса Мечанин решила да ја открие вистинската причина зошто се повлекла од светот на музиката…
- Мојот покоен сопруг Малиша Николиќ не ме грабна од сцената, туку ме одведе дома и се венчавме во Смедерево на 13 јануари 1980 година. Во јануари се зедовме, а во април го загубив бебето. Докторите ми рекоа дека никогаш повеќе нема да можам да забременам, но после го родив Милошо. За жал, без маж останав рано. Малиша загина во сообраќајна незгодна во 1983 година“, раскажува Спаса.
Пејачката поради своето ведро расположение ја нарекувале и „Спаса лујка“.
- На Брена и беше судено, мене ми се случи зло на сцената. Моето дете умре, а се роди ѕвезда. Еден месец лежев во болница, имав сепса во почетен стадиум, со месеци не можев да се опоравам… Тогаш оставив се… Тоа е моја голема рана… Нешто што никогаш нема да преболам“, додала Спаса која денес живее во Банатско Аранѓелово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
