-->
-->
Да Коста покажа со прст кон Касиљас?!
-->

Икер Касиљас минатото лето го напушти Реал и потпиша двегодишен договор со Порто, но се чини дека нема да го одработи до крај договореното со португалскиот тим. Шпанскиот голман зад себе има лоша сезона, поради што се најде на удар на клупскиот претседател Пинто да Коста.
„Трансферот на Касиљас испадна фијаско. Поради него загубивме некои натпревари, го загубивме првенството, а и порано од очекуваното испаднавме од Лигата на шампионите“, изјавил за El Confedencial, Да Коста.
Првиот човек на Порто е сигурен дека Касиљас нема да остане и наредната сезона во клубот.
„Неговата плата е проблем за нас, но се чини дека тој ќе замина во САД. Ми кажаа дека Њујорк сака да го ангажира. Тој исход би бил најдобар за сите“, додал.
Порто на осум кола до крајот на првенствоот во Португалија се наоѓа на третото место со 58 бодови, шест помалку од водечката Бенфика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
