Д-р Петличковски: Колективен имунитет не е возможен
Александар Петличковски во Дневникот на ТВ Сител изјави дека нема место за таков бран како оној ланскиот кога заврши летото.
– Мал дел отпаѓа на имунизираност и прележана болест, но и условите не му одговараат, а може и да има нешто во вирусот што го прави таков – вели Петличковски на прашањето зошто ковид-19 слабее на лето.
Тој вели дека пред една и пол година предвидувањата, односно пресметките биле дека 60 отсто имунизирани преку вакцина или природен пат се потребни за колективен имунитет, но дека сега прагот е кренат до 85 проценти за вирусот да нема каде да се шири.
– Колективен имунитет не е возможен, има појава на нови соеви, а покрај тоа никогаш нема да постигнеме 100 отсто вакцинираност. Дополнително, има луѓе кои не пристапуваат кон втората доза. Затоа, тоа реално нема да се случи – додава тој.
Петличковски вели дека сите вакцини обезбедуваат во многу студии 100 отстотна заштита од смрт и од форми на тешка болест.
– Сакаме болеста ковид да ја направиме предвидлива и лесна. Оние вакцини кои ги имаме треба да ги искористиме бидејќи си ги зголемуваме шансите ако се разболиме тоа лесно да го поминеме – рече Петличковски.
За кинеските вакцини вели дека подоцна ги создаваат антителата, но дека нѐ штитат од тешка форма на евентуална болест. Петличковски вели дека и вакцинирањето на децата „ќе затвори уште една врата за вирусот“.
– Ако имаме една возрасна група, вирусот ќе може да проциркулира неколку месеци и повторно ќе се врати кај имунизираните, затоа мислам дека е добро да се затвори и таа врата, со вакцинирање кај помладите. Колку повеќе време вирусот циркулира и опстојува во природата, толку поголеми се шансите да се врати – тврди докторот.
Ново на Сител
-

30 ученици кои се на подолго лекување, успешно го завршија првото полугодие со онлајн настава
-

Филипче: 2026-та ќе биде кризна година, со покачени цени, ниски плати и закочени евроинтеграции
-

Мицкоски: СДСМ намерно сее паника и страв, следната година ќе враќаме нивни долгови
-

Коалиција Сите за правично судење: Судството стагнира во последните 4 години
-

Владата нема проблем со дислокација на цементарница Усје
-

Нови 120 возила за македонската полиција
-

Матични гинеколози наплаќале услуги кои се бесплатни
-

Долгови „ги гушат“ комуналните, штипски „Исар“ гледа излез и стабилизација
