Д-р Асани не направил лекарска грешка кога на родилката и биле извадени матката, бубрегот и јајникот
Стручниот надзор на Лекарската комора спроведен за гинекологот и директор на струшката болница доктор Мухамед Асани покажале дека немало пропуст во лекарската интервенција кога на родилката Веапоска Јелдз ѝ биле отстранети матката, бубрегот и јајникот, дознава „Слободен печат“.
Оваа информација на потврди и министерот за здравство Венко Филипче денеска во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.
– Стигна извештајот од Лекарска комора, не нашле пропуст во стручниот надзор, рече Филипче.
Тој додаде дека за дивата ординација која Асани ја имал дома, а за која Државниот здравствен инспекторат одлучувал, има постапка во обвинителството во Струга.
Јилдиз Веапоска од Дебар, медицинска сестра од итната помош, преживеа вистинска голгота откако се породила во болницата во Струга со царски рез, но од операцијата излегла без матка, бубрег и без еден јајник.
Ново на Сител
-
Предложената концепција за гимназиско е на штета на учениците и наставниот кадар
-
Наместо ТOЕФЛ, за јавни функции ќе важи и Б2 сертификат за познавање странски јазици
-
Трошок за еден пензионер го покриваат речиси двајца вработени, над 200 лица во ПИОМ земале плата, а не оделе на работа
-
Македонец меѓу екстремистите од терористичката ќелија која планирала напад врз цивили
-
Оставка на српскиот премиер
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат
-
Сиљановска во Полска