Цврста поддршка од Италија за старт на преговорите со Северна Македонија
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров, во рамки на работната посета на Република Италија, остварија средба со министерот за надворешни работи Енцо Моаверо Миланези, како и со претседателот на Комитетот за односи со земјите од Западен Балкан во италијанскиот Сенат Лучано Далфонсо, на кои била изразена силна поддршка од страна на Италија за старт на преговорите со Северна Македонија.
Османи и Димитров, на средбата во Рим изразиле благодарност за досегашната поддршка од страна на Италија за европските интеграции на Република Северна Македонија, добивајќи цврсти уверувања од страна на министерот Миланези и сенаторот Далфонсо, дека Италија останува посветена на европските интеграции на целиот регион на Западниот Балкан, со силна поддршка за старт на преговорите со Република Северна Македонија, во пресрет на претстојниот јунски самит на ЕУ.
На средбата, Османи, ги информирал за јасната и недвосмислена порака од страна на ЕК за целосна подготвеност на земјата за почеток на преговорите.
– Носиме добри вести од Скопје, Извештај на Европската Комисија кој прецизно го рефлектира реформскиот напредок на Република Северна Македонија, заедно со јасна и недвосмислена порака од страна на Комисијата, за целосна подготвеност на земјата за почеток на преговорите, посочил Османи на соговорниците.
– Горди сме за постигнатото. Признавањето на нашиот успех, преку отпочнување на пристапни преговори годинава, ќе биде охрабрување и јасна порака за целиот регион, но и потврда на кредибилитетот и влијанието на ЕУ на Балканот. Се разбира, поддршката од Италија и останатите земји членки ќе биде клучна за позитивна одлука на Европскиот совет. Како што вели италијанската поговорка – да бидеме заедно е почеток, да се одржуваме заедно е прогрес, а да работиме заедно е успех. Ние ќе продолжиме да работиме нашиот успех да биде и заеднички со нашите пријатели од ЕУ, истакнал Димитров.
Од Италија, Османи заедно со Димитров продолжуваат во билатерална посета на Кралството Белгија, каде ќе остварат средба со министерот за надворешни и европски прашања Дидие Рејндерс.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата
-
Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина
-
Жена од кавадаречко предизвикала пожар на отворено палејќи стари предмети
-
Турчин тешко повреден додека работел во фабрика во неготинско
-
Нестабилно време со повремен дожд и грмежи до крајот на неделава
-
Жена од Штип удрена од возило без возач кое само тргнало од паркинг местото
-
Нова германска донација за пожарникарите доброволци на ДПД Кoчани