-->
-->
Цвијиќ: Ги имаме најдобрите играчи во светот и најдобриот стручен штаб
-->

Победничката низа на ракометарките на Вардар во Лигата на шампионките, продолжи и во првиот меч од главната фаза на елитното натпревраување, откако на домашен терен ја победија франмцуската екипа Мец со 29-23.
Драгана Цвијиќ која со седумте постигнати голови беше најефикасна на натпреварот, смета дека црвено-црните во моментов го имаат најдобриот тим стручен штаб.
„Горда сум на својот тим. По два месеци се собравме назад бидејќи бевме со своите репрезентации. Долга пауза, и одигравме одличен меч, треба да продолжиме вака и понатаму. Имаме најдобри играчи во светот, најдобар стручен штаб и треба да веруваме во себе дека можеме да одиме до крај. Благодарност и до публиката што дојде во голем број, се најдевам дека на следниот натпревар во Скопје, за две недели против Будуќност трибините ќе бидат до последно место исполнети. Сите уживаме кога играме пред полни трибини, зашто тие се нашиот осми играч“, изјави Цвијиќ на прес-конференцијата по мечот/
Тренерот на Вардар, Ирина Дибирова е задоволна од прикажаната играта, но вели и дека се уште има мали грешки кои треба да се корегираат.
„Сакам да им честитам на моите играчи, одиграа одлично. Благодарност и за Парондо и Марија Лојаница, кои одлично ги подготвија играчите. Имаме добра тактика и во добра кондиција сме. Имавме малку грешки, што треба да ги исправиме за следниот натпревар. Одиме понатаму. Нѐ чека Битигхајм и одиме на победа и во Германија“, изјави Дибирова.
Со новите два бода вардарки се зацвртија на врвот на табелата, а воедно тие останаа и единствен тим кој сезонава има максимален учинок во Лигата на шампионите.
Следниот натпревар Вардар го игра на гости кај Битигхајм во Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

По две години бегство, уапсен осуденик за недозволена трговија со дрога
-

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со лани
-

Од денеска до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје
-

Вино што зборува на светски јазик: Бидете дел од петтото издание на саемот Wine Vision!
-

Светот има право да се плаши од вештачката интелигенција, изјави директорот на OpenAI
-

Четири предгрупи ја откажаа турнејата со Ед Ширан во знак на солидарност со Меклмор
-

Голем успех за 12-годишниот Македон: Примен во престижната програма за таленти на „Џонс Хопкинс“
-

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати
