Цукерберг со поддршка за муслиманите: Можам да замислам каков страв чуствуваат
Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг на својот профил објави статус со кој им пружи поддршка на муслиманите ширум светот.
"Сакам да им дадам поддршка на сите муслимани во нашата заедница и ширум светот. По нападите во Париз и големата омраза кон нив овие недели, можам да замислам каков страв муслиманите чуствуваат бидејќи може да бидат прогонувани поради делата на другите", напишал Цукерберг.
"Како Евреин, родителите секогаш ме учеле дека мораме да се бориме против насилството во сите заедници. Дури и ако нападот не е против вас денес, за време на нападот тој ќе повреди нечија слобода. Ако сте муслиман во оваа заедница, како лидер на Фејсбук сакам да знаете дека сте секогаш добредојдени овде и дека ќе се бориме за заштита на вашите права и ќе создадеме мирно и сигурно окружување за вас", дополнува Цукерберг.
"Да имате дека дава надеж во животот, но омразата на некои може да помогне надежда да подлегне на цинизмот. Не смееме да изгубиме надеж. Се додека сме заедно и гледаме добрина едни во други, можеме да изградиме подобар свет за сите луѓе", завршил Цукерберг.
Ново на Сител
-
Зеленски вели дека Кина и доставува оружје на Русија
-
Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“
-
Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација
-
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје
-
Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива
-
Кос-Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан
-
Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори
-
По повод Велигден автобусите од јавниот превоз во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред