ЦУК: Вкупно 1775 повици на 112 во изминатото деноноќие
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), според последниот извештај имало вкупно 1.775 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие, од кои за итни случаи биле 41,12 проценти.
Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, распределбата на повиците за итни случаи, била следна: кон Полиција биле упатени 63,44 проценти од повиците, кон Итната медицинска помош 34,04 проценти, а кон пожарникарите упатени 1,26 отсто. Повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, кон Центарот за управување со кризи имало 1,26 проценти од итните повици биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.
ЦУК информира дека два регионални центра имаат известувања за заразни болести кај животните (епизотии) на територијата на државата, конкретно за присутната болест „Африканска чума“, а еден регионален центар известува за се уште присутна опасност по стабилност на мост во населено место.
Регионалниот ЦУК Штип, ја пренесува информацијата од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) дека е донесено Решение за определување на заштитна зона и зона под надзор при потврда на болеста „Африканска чума“ на подрачјето на Општина Делчево, што трае од 30.11.2023 година. Заштитната зона ги вклучува селата Полето, Ветрен, Очипла и Габрово, а и градот Делчево, додека Зоната под надзор ги вклучува селата Киселица, Селник, Драмче, Вратиславци, Илиово, Бигла, Косово Дабје, Чифлик, Звегот, Стамер и Град.
Регионалниот ЦУК Велес, ја пренесува информацијата од Подрачната единица (ПЕ) на Агенција за храна и ветеринарство Кавадарци дека од 13.07.2023 година, на подрачјето на Општина Кавадарци во близина на с.Рожден имало помор на диви свињи, а исто така угинати диви свињи имало на повеќе локации во ридско-планинскиот дел, пријавени од ловците. Лабораториски било потврдено дека се работи за болеста „Африканска чума“.
РЦУК – Куманово, известува дека насобраните гранки на мостот на реката во с.Проевце, пријава која беше на ден 24.11.2023 година, се уште не се расчистени. За истото запознаени се ЈП „Чистота и зеленило“ и ЈП „Водостопанство“, но истите немале соодветна механизација за отстранување на гранките. Според известувањето од лицето за контакт од Општина Куманово, за ова се информирани и одговорните лица од Општинскиот кризен штаб и од нивна страна се правеле напори за решавање на настанатата ситуација.
Ново на Сител
-

Град во Италија воведе казни до 500 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ја исчистат нивната урина
-

Во четврток и петок пониски температури и нестабилно, со пороен дожд и грмежи
-

Бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња во Кисела Вода
-

Дронови над главниот град на Русија и откажани летови, се огласи градоначалникот на Москва
-

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 164 загинати
-

33-годишен велешанец осомничен за силување на 21-годишна Швеѓанка во ноќен клуб во Охрид
-

Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo
-

Ендрик нема да го напушти Реал ова лето
