ЦУК: Вкупно 1 625 повици на број за итни случаи 112

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1 625 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од кои „реални“ повици за итни случаи биле 39,82 отсто, а 60,18 проценти други, именувани како „неитни повици“.
Како што соопштуваат денеска од ЦУК, согласно генералната природа на настаните кон полиција биле упатени 51,10 отсто од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 41,85 проценти, кон пожарникарите биле упатени 3,52 отсто, а кон АМСМ 0,44 проценти.
-Кон Центарот за управување со кризи имало 3,08 отсто од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 58,22 проценти „неитни повици“, (вкупно 985) биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
-

Лични прозивки и сериозни обвинувања на седницата за поставување опозициски прашања
-

Герасимовски: ДУП-от за Барутана нема да оди на гласање без целосно да се испита теренот
