ЦУК: Сопрен истекот од ХЕЦ „Врурок“ за да нема дополнителен прилив на вода во Вардар

Центарот за управување со кризи (ЦУК) координираше да се сопре целосно истекот од ХЕЦ „Врурок“ за да нема дополнителен прилив на вода во коритото на реката Вардар. Нивото на реката Вардар е високо, па ова е превентивна мерка од можните излевања на реката во Полошката Котлина.
-Според последните податоци од хидролошките станици низ земјава се уште е висок водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар и таму се очекуваат локални излевања на реката, особено во Полошката Котлина. Висок е водостојот на реката Вардар и во Скопје, а зголемен водостој се очекува и низводно од Скопје кон Орешани, Зелениково, Таор и Велес поради движењето на поплавниот бран, информираат од ЦУК.
Оттаму посочуваат дека висок водостој има и реката Треска, додека на останатите водотеци има намалување или стагнација на водостоите во однос на утринските.
ЦУК издаде предупредување и за внимателност на мостот во село Пчиње, кој има слаба конструкција, а попладнево може да има проблеми, кога зголеменото ниво од Крива Река ќе дојде до река Пчиња.
Ново на Сител
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
